wordpress counter

10 земји во кои се јаде здраво (2 дел)

Јапонија, Сингапур, Кина и Шведска се земји во кои се јаде здрава храна и поради тоа и квалитетот и должината на животниот век се доста големи. Денес ќе го завршиме списокот со уште неколку земји и нивниот начин на исхрана.

Франција
Помали и повеќе оброци и не консумирање на грицки се тајните на француската виталност. Многу повеќе користат печење и динстање отколку пржење при подготовка на храната.

процент на дебели луѓе: 6,6%
очекувано траење на животот: 81 години

Италија
Тестенини, изобилство на зеленчук, маслиново масло и морски плодови. Италијаните навистина знаат како да се хранат. Особено што сакаат храна печена на скара и варење на пареа.

процент на дебели луѓе: 13%
очекувано траење на животот: 80 години

Шпанија
Шпанците користат многу зеленчук и мешунки и секако нискомасни јадења. Да не ги заборавиме и пршутата, морските плодови и маслиновото масло.

процент на дебели луѓе: 16%
очекувано траење на животот: 80 години

Јужна Кореја
Основата на кујната се продукти со ниска масленост. Тофу, тестенини, риба и зеленчук. Кимчи (микс од зеленчук) е едно од најпознатите и најздравите корејски јадења.

процент на дебели луѓе: 10%
очекувано траење на животот: 79 години

Израел
Грав, црн домат и маслиново масло се најкористени продукти. Многу популарни се и бројните тревки и зачини, особено жолт ѓумбир и нане.

процент на дебели луѓе: 24%
очекувано траење на животот: 81 години

Грција
Традиционалната грчка кујна се состои од продукти како што житарки, мешунки, зеленчук и риба.

процент на дебели луѓе: 25%
очекувано траење на животот: 80 години

Related Posts with Thumbnails