wordpress counter

5 совети како на вашата чинија да има вкусна и здрава храна

Често слушаме дека здравјето е поважно од сè, но тоа повеќе ни звучи како празна флоскула која се употребува колку да се најдеме во разговор. Затоа, ние ќе се обидеме да преминеме од зборови на дела и да ви понудиме 5 совети како вашата трпеза да биде секогаш вкусна и здрава.

1 Наместо да ставате путер или масло, садот за печење обложете го со хартија за печење.

2 Наместо сирења со понеинтензивен вкус, одберете ги оние кои имаат поинтензивен вкус. Ќе изедете многу помала количина.

3 Наместо сол, употребувајте зачини: сушен вргањ, мелен сув зачин, лук, чили.

4 Секогаш бирајте чоколадо со висок удел на какао. За готвење може да употребите и какао во прав.

5 Кога правите колачи, во некои рецепти, еден дел од путерот може да го замените со јогурт.

Related Posts with Thumbnails