wordpress counter

5 совети за идеална тежина

5 СОВЕТИ ЗА ИДЕАЛНА ТЕЖИНА

Пред да ве запознаеме се петте совети за идеална тежина, треба да бидете подготвени да ги избришете од глава сите оние слики на анорексични манекенки со кои се полни списанијата и поради кои дури и жените со нормална тежина започнаа да се чувствуваат дебели. Голем број на истражувања покажуваат дека многу девојки и жени имаат искривена слика за себе и се убедени дека треба да ослабат, иако имаат идеална тежина. Затоа, најнапред прифатете ја вашата нормална тежина, а потоа погледнете ги нашите совети.

1 Проверете го вашиот индекс на телесна тежина. Овој индекс се пресметува врз основа на годините, навиките за вежбање, висината и тежината.

2 Не се мерете со убавиците од медиумите. Манекенките, актерките и пејачките најчесто се премногу слаби и затоа не може да им бидат пример на жените од соседството.

3 Дајте си доволно време за слабеење. Намалувањето на вишокот килограми бара време. Затоа бидете стрпливи и упорни. Во спротивно ќе се доведете во состојба на фрустрација и обесхрабреност, а тоа нема да ви ги даде посакуваните резултати.

4 Внимавајте на мастите. Првин утврдете колкав процент на масти внесувате сега во организмот, а потоа консултирајте го вашиот матичен лекар, а не сосетката Дана, колкав процент треба да внесувате здрави масти, за организмот да функционира нормално.

5 Вашата тежина ќе се менува. И прифатете го тоа! На вашата тежина делува секој пријатен или непријатен настан од вашиот живот. Прифатете ги сите промени, затоа што само тие се постојани.

Related Posts with Thumbnails