wordpress counter

8 топ тајни за слабеење (2 дел)

Во првиот дел откривме четири тајни од различни земји, кои можат да се применат за да изгледате одлично. Продолжуваме со уште 4 тајни, кои ќе бидат сосема доволни за да се почувствувате пријатно во сопствената кожа.

Без прескокнување на оброци
Една од тајните зошто французинките не се здебелуваат е што имаат најмалку 3 оброка дневно. Меѓу нив, најважен е појадокот. Сите студии покажуваат дека оние кои појадуваат се послаби од оние кои не го прават тоа.

Вечера во друштво
Оброците со пријатели или роднини се дел од традиционалните култури. Во тоа има и тајна за добар изглед. Кога јадете се другите, повеќе се воздржувате, јадете поспоро, уживате во храната. Тоа, не само што ќе ви помогне да останете послаби, туку и ќе ве наполни со позитивна енергија.

Јадете само кога сте гладни
Причини за јадење можете да најдете секаде. Глад, здодевност, осаменост, стрес, страв, се само некои од нив. Како и да е, секоја друга причина за јадење освен глад е погрешен избор.

Чаша вино
Медитеранската кујна не може да се замисли без црвено вино. Не само што е моќен антиоксиданс, туку и ќе ви овозможи да јадете храна со повеќе маснотии без да имате последици по здравјето и линијата.

Related Posts with Thumbnails