wordpress counter

Ако сте безобразни, ќе бидете послаби

Според една од најдобрите американски психолози, Карен Коенинг, однесувањето влијае и на нашата тежина. Основниот заклучок е дека пристојноста ве прави дебели, додека безобразлукот ги топи калориите.

Нејзината теорија, која базира на долги истражувања, покажува дека луѓето кои постојано се пристојни и внимателни се наоѓаат во неврамнотежени односи. Тие личности многу повеќе даваат отколку што добиваат. На тој начин, ги занемаруваат своите сопствени потреби и се наоѓаат под емоционален стрес.

Тоа го намалува количеството на серотонин, што влијае на нашето расположение и чувството за глад. А, за да се „подигне“ расположението, потребен е шеќер. Меѓутоа, шеќерот во исто време го зголемува и бројот на килограмите.

За разлика од пристојните луѓе, оние кои повремено ја исфрлат својата негативна енергија, не мора толку често да јадат. Како пример, може да се земат свечените собири кога жената посветува повеќе внимание на гостите отколку тие на неа. Затоа, може да посегнат по повеќе храна.

Оној што е опуштен, добро расположен и полн со позитивна енергија, ретко забележува дека е гладен. Незадоволните личности секогаш размислуваат каде погрешиле и поради тоа ретко внимаваат на својата исхрана. Поточно, не ја сметаат за толку важна.

Лицата, особено жените, кои се воспитани во духот на послушност, сметаат дека треба да седат и да слушаат и затоа во подоцнежните години не можат да зборуваат за своите проблеми. Тоа ќе ги натера да консумираат повеќе храна.

Советите од Коенинг се да се дружите се оние личности на кои сте им важни и кои не ја црпат вашата енергија. Најдете и други работи кои ќе ви го подигнат расположението наместо храната. Но, најважниот совет е да се прифатите такви какви што сте и себеси да си бидете најдобра пријателка.

Related Posts with Thumbnails