wordpress counter

Алое вера – чудесно растение со многу лековити својства

Алое вера е растение кое има многу лековити својства кои помагаат во подобрување на имунолошкиот систем. Потекнува од Јужна Африка, а поради своите лековити својства е позната меѓу народот како „Добра надеж”.

Родот Aloe опфаќа повеќе од 300 видови, а еден од најраспространетите е „Aloe arborescens Mill“. Има дрвовидна форма, со висина до три метри. Лисјата се приседнати, дебели и сочни, со сивосина боја. По рабовите имаат боцки и при собни услови ретко цветаат.

Цветовите се црвенкасти, собрани во соцветија на долги цветни дршки. Поголемиот број видови на алое потекнуваат од Африка и Мадагаскар. Тоа се украсни растенија, со многу убави цветови и многу едноставни во нивното одгледување.

Неколкуте стотини видови на алое меѓусебно значително се разликуваат според обликот и големината на растот. Некои од нив се високи до десет сантиметри, а други пак и до десет метри. Кај големите растенија листовите може да бидат големи и до 50-60 см.

Статијата можете во целост да ја прочитате на ffrm.org.mk

Related Posts with Thumbnails