wordpress counter

Ананас торта

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 5,00 од 5)


Оваа недела решивме да ја посветиме на едно од најсочните и највкусните овошја. Затоа, ви предлагаме да подготвите десерт – ананас торта, со која веруваме дека на најдобар можен начин ќе го завршите прекрасниот ручек.

СОСТОЈКИ
• 1 кутија пишкоти (200 гр)
• 80 гр путер
• 70 гр мелени ореви
• 4 јајца (само жолчката)
• 1 конзерва ананас (500-600 гр)
• 80 гр шеќер во прав
• шлаг, за декорација

ПОДГОТОВКА
Се матат путерот, жолчките од јајцата и шеќерот во прав. Потоа, се додаваат ананасот кој претходно сте го исечкале и оревите и повторно се меша, сѐ додека не се добие смеса. Пред да започнете да ги редите пишкотите, потребно е да се потопат во млеко или во сокот од ананас.

На подлога обложена со целофан или алуминиумска фолија се ставаат ред пишкоти, ред фил, сѐ додека не се потрошат. Најгорниот слој мора да биде составен од пишкоти.

Тортата се става во фрижидер и мора да отстои до следниот ден. Потоа, ставете ја во чинија и декорирајте со шлаг.

Related Posts with Thumbnails