wordpress counter

Ароматични растенија – одличен избор за здравјето и умот

Ароматичните растенија, покрај тоа што се одличен додаток кон сите јадења, може да имаат и многу позитивно влијание по нашето здравје и умот. Според истражувањата, луѓето кои сами одгледуваат ароматични растенија се посреќни и позадоволни од другите луѓе, помалку запаѓаат во депресија, па дури и живеат подолго.

Покрај тоа, нивното одгледување делува позитвно и на вашиот домашен буџет, односно заштедувате пари со многу малку напор. Во оваа статија ќе наведеме 6 ароматични растенија кои имаат најголемо влијание по нашето здравје.

Поточарка
Толку е моќна, што на неа се гледа како антиканцерогено средство. Пребогата е со железо, калциум, витамин А и Ц, фолна киселина и јод.

Рузмарин
Содржи железо, калциум и витамин Б. Ги подобрува мозочните функции и делува на меморијата. Делува превентивно и при срцеви и мозочни удари.

Оригано
Се одгледува многу лесно. Добро е за превенција од настинки и грип и ја подобрува општата состојба на организмот.

Копар
Помага при варење на храна, ги намалува болките во стомакот и ги намалува тегобите во желудникот.

Маточина
Најпозната по одбивање на комарците (листовите се трлаат по телото). Има антибактериско дејство и особено смирувачки делува кога се пие како чај.

Она што е најважно е дека овие растенија се одгледуваат мошне лесно, а дејството е многукратно.

Related Posts with Thumbnails