wordpress counter

Аронија

АРОНИЈА

Аронија е овошје кое доаѓа од Северна Америка и прашање е зошто дури сега, во последниве неколку години, стана популарно. Спаѓа во групата на шумски овошја со модра боја. Расте во грмушки, а прилично се отпорна на ладните зими и ненадејните пролетни мразови. Аронијата е отпорна и на штетници, па поради тоа не се прска и тоа ја прави еколошки производ. Плодот го дава во август.

Ова растение е неверојатно лековито. На пример, по нуклеарната катастрофа во Чернобил, аронијата им е давана на луѓето кои имале здравствени проблеми поради зрачењето и нејзината примена имала одлични резултати. Содржи Витамин А, Б и Ц, минерали корисни за крвотокот, го врамнотежува крвниот притисок, ги лечи тегобите во желудникот и црниот дроб, улкусот. Одлично делува на мигрената, шеќерната болест и артериосклерозата.

Од плодот може да се добијат сокови, компоти и мармелади, а се јаде и свежа или сушена.

Related Posts with Thumbnails