wordpress counter

Банана – овошје за секое годишно време

Бананата има сладок вкус и мека, кремаста текстура. Тоа е сосема доволно ова овошје да е дел од нашата секојдневна исхрана. Со оглед дека ни е достапна и се консумира преку целата година, важно е да ги знаеме нејзините основни позитивни страни.

Бананата е супер извор на калиум кој помага во одржување на нормален притисок. Покрај тоа, калиумот е добар и за мускулите, бубрезите и коските. Бананите се пребогати и со пробиотици кои се одлични за дигестивниот систем. Изобилуваат со витамин Б6, витамин Ц, магнезиум, рибофлавин и железо.

Тие се практични за носење, а претставуваат и одличен меѓуоброк. Тие се доволно здрави што дури се дел од секојдневната исхрана на бебињата. Една банана има само 100 калории. Можете да ги комбинирате и со житарки, во протеински шејкови, со јогурт или со други овошја во овошна салата.

Related Posts with Thumbnails