wordpress counter

Болести: Дијабетес (1 дел)

Од денес започнуваме со серијал во кои ќе претставуваме болести кои се потенцијално опасни по нашето здравје. Со оглед дека голем дел од причините, превенцијата и лекувањето на овие болести е тесно поврзано со начинот на исхрана, решивме да ве запознаеме со овие болести и третманите за нив. Започнуваме со една од најраспространетите болести на денешнината – дијабетес.

Дијабетес или шеќерна болест е хронично системско пореметување на метаболизмот, кое се карактеризира со хипергликемија, односно трајно зголемување на нивото на глукоза во крвта.

Причинители
Најчесто тоа е генетскиот фактор. Настанува како последица на намалено излачување на хормонот инсулин или клетките на организмот не реагираат на инсулинот како што треба. Тој недостаток ја попречува размената на јаглени хидрати, масти и белковини, а на подолг рок влијае на функцијата на крвните садови, нервите и другите витални органи.

Што се случува кога е присутна болеста?
За да се разбере болеста, потребно е да разгледаме што се случува при варењето на храната. Неколку процеси се мошне битни.

Глукозата навлегува во крвниот систем. Таа е гориво за телото.

Панкреасот созадава инсулин. Инсулинот ја пренесува глукозата од крвниот систем во мускулите, клетките на црниот дроб и масното ткиво, каде се користи како гориво.

Кога луѓето се заболени од дијабетес имаат високо ниво на шеќер во крвта, затоа што нема инсулин што би ја пренел глукозата во деловите од организмот каде ќе се искористи како енергија.

Видови дијабетес
Тип 1 – може да се појави на која било возраст, но најчесто се јавува кај децата и тинејџерите. Во овој случај, организмот воопшто не создава или создава многу малку инсулин. Потребно е секојдневно внесување на инсулин. Точната причина за настанување не е позната.

Тип 2 – овој е најчест тип на шеќерна болест. Се појавува кај возрасни и што е најопасно, повеќето од нив не се ниту свесни дека ја имаат болеста.

Дијабетес за време на бременост – се случува да се зголеми нивото на шеќер кај бремените жени и тоа кај оние кај кои никогаш не била дјагностицирана оваа болест.

Related Posts with Thumbnails