wordpress counter

Бронзен тен со кајсии, тиква, диња, портокал и крушка

Кремите и маслата за сончање не се единствениот начин како да го добиете посакуваниот бронзен тен. Со консумација на одредени продукти, кожата полесно ги впива сончевите зраци и во исто време е подобро заштитена.

Научниците велат дека ако јадете пет портокали или парче зелен зеленчук на ден, во период од еден месец ќе добиете прекрасна боја. За тоа најзаслужен е каротенот кој се наоѓа во кајсиите, тиквата, дињите, портокалите, крушките, јаболката, спанаќот и блитвата.

Секој ден можете да јадете по еден вид овошје, додека спанаќот и блитвата можете да ги комбинирате со други продукти за време на ручек или вечера. На пример, рибата одлично со комбинира со блитва со што добивате вкусен и хранлив оброк.

Како и да е, најдобрата комбинација за бронзен тен е употреба на крема за сончање и правилна исхрана.

Related Posts with Thumbnails