wordpress counter

Чоколадото делува на сонот

ЧОКОЛАДОТО ДЕЛУВА НА СОНОТ

Докажано е и сите знаеме дека чоколадото може да разбуди во нас љубовни чувства и да ни го разигра сетилото за вкус предизвикувајќи во нашите усти да се рашири пријатно слатко чувство. Меѓутоа, треба да имаме предвид и една помалку пријатна нус-појава. Имено, чоколадото кое го јадеме во ситните саати може да нѐ остави без сон.

Од каде произлегува ова? Чоколадото содржи кофеин, како што знаеме сите, и тоа во различни количини во зависност од видот на овој производ. На пример, ова слатко задоволство има повеќе кофеин од декофеинизирано кафе, а некои темни чоколади дури повеќе и од шолја инстант или превриен чај.

Со други зборови, десерт во форма на темно чоколадо кој сте го изеле доцна ќе ве натера некое време, стуткани во кревет да броите овци.

Покрај овие состојки, чоколадото содржи и други стимуланси. Едниот од нив е теобромин. Тоа е стимулансот поради кој нашите домашни миленици не смеат да консумираат слатко, затоа што многу споро го метаболизираат. Теоброминот ја забрзува работата на срцето и може да ве остави без сон.

Но, како и се друго и овде имаме алтернатива. Белото чоколадо не содржи ниту теобромин ниту кофеин. Еве еден предлог од Гурман™: преку ден темно чоколадо, навечер бело чоколадо и сонот нема да ви побегне.

Related Posts with Thumbnails