wordpress counter

Чудотворните ефекти на цвеклото

Доаѓа времето на цвеклото. Овој посебен плод во себе крие бројни хранливи состојки кои се вистински благодет за нашиот организам. Може да се консумира во салати, сокови, како зимница. Цвеклото делува на многу сегменти, но денес ќе го разгледаме неговото делување на притисокот и физичката издржливост.

На пример, сокот од цвекло ја зголемува издржливоста кога станува збор за физички вежби и поголеми телесни напори. За тоа се одговорни нитратите кои ја намалуваат потрошувачката на кислород при напор.

Со редовна консумација на 500 мл сок од цвекло, мускулната издржливост забележително ќе се зголеми. Според едно истражување, оние испитаници кои секојдневно земале сок од цвекло, издржале тренинг кој бил за 16% временски подолг отколку оние кои не консумирале.

Интересно е дека јадењето цвекло го намалува и зголемениот крвен притисок. Доволни се повторно само половина литар сок од цвекло дневно. Имено, колку е повисоко нивото на нитрати, толку е понизок крвниот притисок. Интересно е дека цвеклото има многу поголемо влијание на притисокот на мажите отколку на жените.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Диета според хороскоп (2 дел)

Во вториот дел од оваа статија продолжуваме со останатите знаци на хороскопот. Вага На вагите им требаат полно мали оброци...

Close