wordpress counter

Црно семе – лек за сè

Семето од Niggela Sativa се смета за еден од најдобрите лекови речиси од памтивек. Се нарекува и римски коријандер, црн сусам, црн ким, но денес е најпознат како црно семе. Први податоци за негово одгледување имаме во древниот Египет. Неверојатно, но масло од црно семе е пронајдено во гробот на Тутанкамон.

Многу од неговите здравствени бенефите се докажани и во медицинската литература. Преку 40 состојби и здравствени потешкотии може да се подобрат со употреба на ова растение.

Има антибактериско и антивоспалително дејство, делува против појава на улцер, има антифунгицидно и антоксидантно делување. Црното семе е бронходилататор, го штити црниот дроб, делува полезно при дијабетес, рак и во заштита на бубрезите. И ова е само дел од болестите на кои делува успешно.

Ќе го опишеме неговото делување на некои од најраспостранетите болести.

Дијабетес тип 2 – два грама црно семе на ден делува на намалување на резистентноста на инсулин, ја зајакнува функцијата на бета клетките и го намалува гликозираниот хемоглобин во човековото тело.

Helicobacter pilori – резултатите се многу подобри кога се комбинираат терапијата и црното семе.

Епилепсија – традиционално е познато дека црното семе делува силно против грчеви.

Висок крвен притисок – дневно внесување на 100-200 мг екстракт од црно семе во период два месеци ќе го намали крвниот притисок кај сите оние што имаат покачен крвен притисок.

Астма – тимоквинин, една од состојките на црното семе делува на астмата многу подобро отколку некои од лековите. Дури може да се каже дека делувањето е супериорно. Според едно истражување, варен екстракт од црно семе има силен антиастамтичен ефект.

Рак на дебело црево – го забавува растот на клетките на ракот и тоа на многу поздрав начин отколку лековите. Според истражувањата, маслото од црно семе покажало значајно спречување на растот на канцерот во дебелото црево.

Зависност од опијати – една студија покажала дека црното семе делува мошне ефективно кога станува збор за долгорочна терапија за зависност од опијати.

Related Posts with Thumbnails