wordpress counter

Диета „3 часа“ (1 дел)

Диета „3 часа“ е светски бестселер, кој својата популарност ја стекна поради режимот на исхрана кај кој килограмите се топат без гладување или забранета храна. Оваа диета ја осмисли Хорхе Круз. Круз, со указ на тогашниот гувернер Шварценегер, беше назначен за специјален советник на Калифорнискиот совет за фитнес и спорт.

Главното правило на оваа диета е редовна консумација на помали оброци во временски период од три часа. Појадокот мора да биде во првиот час од будењето, додека вечерата треба да биде 3 часа пред одење на спиење.

Трите главни оброци содржат до 400 калории, а за меѓуоброците горна граница е 100 калории. Дозволен е и еден помал оброк од 50 калории пред спиење. Кога ќе се достигне саканата тежина, постепено зголемувајте ги калориите на меѓуоброците до максимални 400 калории.

Мерки на оваа диета

Масти – едно капаче од шише е максималното количество масти што треба да се внесе во еден оброк (масло, путер или маргарин)
Јаглехидрати – колку големина на рубикова коцка
Протеини – висина до еден шпил карти (околу 85 гр пилешко, сирење, јајца или риба)
Овошје и зеленчук – количество кое е големо колку три кутии ДВД, наредени една врз друга.

Related Posts with Thumbnails