wordpress counter

Диета „3 часа“ (2 дел)

Првиот дел на оваа статија беше посветен на основите на оваа диета, со наведување на мерките кон кои треба да се прудржуваме. Денес ги пренесуваме нејзините добри и лоши страни, како и предлог менито.

Предности на диетата
Со оваа диета се губи 1 килограм неделно. Значи, станува збор за здраво слабеење на долги патеки. Диетата овозможува внес на сите видови продукти, па дури и слатки. Акцент се става на интегрални житарки како овесна каша или кафен ориз, внес на протеини преку риба, месо и живина и внес на омега-3 масни киселини преку ленено масло.

Недостатоци на диетата
На личностите кои не можат да ги планираат своите оборци претходно, ќе им претставува проблем да ги следат правилата на оваа диета. На трпезата, за време на меѓуоброците, може да се најдат и грицки и слатки. Секако, не велиме дека диетата мора да биде ултра рестриктивна, но сепак, сметаме дека е подобро тогаш да се консумира суво или свежо овошје.

Предлог мени

Појадок
• овошен мафин
• круша

Меѓуоброк
• семки од сончоглед

Ручек
• салата со туна, тврдо варени јајца и леб

Меѓуоброк
• чипс од компири

Вечера
• месо од мисирка
• салата од слануток

Краток оброк пред спиење
• желе бонбони

Related Posts with Thumbnails