wordpress counter

Диета на 5 фактори

Експер­тот за здра­вје и топ форма, Харли Пастер­нак, објави нова книга „Свет­ска диета на 5 фак­тори“, која содржи преку 120 реце­пти за здрави оброци.

Зошто токму 5 фак­тори?
Пастер­нак стана сла­вен откако ја создаде дие­тата за славни лич­но­сти кои имаат пре­многу обвр­ски. Дие­тата се состои од 5 помали оброци за чија под­го­товка е потребно само 5 минути и се состо­јат од 5 клучни продукти.

Кни­гата не само што содржи 120 такви реце­пти, туку ни носи и инфор­ма­ции што луѓето пре­зе­маат во различни делови од све­тот за да ја нама­лат тежината.

На при­мер, во Јапо­нија, нико­гаш не се кон­су­ми­раат големи пор­ции, а луѓето пре­ста­ну­ваат да јадат кога ќе се почув­ству­ваат ¾ сити. Во Швед­ска, седви­чите се под­го­тву­ваат од само една кри­шка леб, додека во Ита­лија акцен­тот е врз све­жата храна и зеленчук.

Во кни­гата ќе можете да про­чи­тате и низа совети и три­кови во врска со физич­ката активност.

Во про­до­лже­ние можете да про­чи­тате неко­лку пре­длози за оброци кои ги пре­длага Пастернак:

• Чадено сирење;
• Омлет со крем сирење, сол и бибер;
• Мек­си­кан­ска салата од пиле­шко месо, зелена салата и пченка;
• Модри домати со сирење, домати, боси­лек, сол и бибер;
• Парфе од малини и чоко­лада;
• Ста­пчиња целер, пржени со лук;
• Кру­шки со ниско­ка­ло­ри­чен путер од кики­ритки;
• Енер­гет­ска штан­гла од јагоди, зоб и јогурт.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во ЗДРАВЈЕ