wordpress counter

Диета со сокови (1 дел)

Диетата со сокови се заснова на пиење сокови приготвени од свежо овошје и зеленчук. Се препорачува да се користи соковник кој ќе ја одвои пулпата од сокот.

Сепак, може да се користат и каши од зеленчук и овошје кои го содржат и плодот, но за разлика од сокот, таа каша содржи и диететски влакна, јаглехидрати и протеини. Доколку не сте во можност да купите свежо овошје и зеленчук, може да се користат и замрзнати.

Оваа диета може да се прилагодува и во менито да се внесат и супи од зеленчук кои не содржат дополнителни зачини и масла. Може да се консумира и како пасирана или процедена (само течноста без плодовите).

Основна цел на оваа диета е да се направи детоксикација на организмот и да се отстранат од организмот насобраните штетни материи. Може да се спроведува еднаш неделно, во континуитет една недела, но не повеќе од два пати годишно. Стручните лица сметаат дека долготрајното хранење само преку сокови може да доведе до сериозни нарушувања во организмот.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Туна стек на медитерански начин

Туната може да се приготвува на бројни начини, но ние денес се решивме за туна стек приготвен на медитерански начин....

Close