wordpress counter

Диета со сокови (2 дел)

Во првиот дел се запознавме со диетата со сокови, а сега ќе ги видиме нејзините предности и недостатоци, како и предлог мени кое се базира на овој тип на диета.

Предности
Диетата е мошне едноставна и може да се применува во домашни услови. Може да се купат и готови сокови од зеленчук или овошје. Оваа диета е богата со антиоксиданси, разни витамини и минерали. Ако се спроведува кратко може да го освежи организмот и да го врати здравиот апетит.

Недостатоци
Главен недостаток е ограниченото времетраење. Имено, според препораката на докторите, оваа диета смее да се прави само една недела. Ако е наменета за лечење на некоја болест, може да се продолжи и подолго, но под строг лекарски надзор. Со оглед дека не содржи протеини, масти и јаглехидрати, не може да се смета за начин на исхрана.

Предлог мени

Појадок
Сок од цвекло, лимон и портокал

Ручек
Сок од разни зеленчуци

Вечера
Сок од краставици

Мислење на нутриционистите
Оваа диета е корисна кога се сака да се прочисти организмот. Богата е со течности и на тој начин организмот се хидратира и се поттикнува варењето. Се внесува голема количина на витамини и минерали. Но, по завршувањето на оваа диета, потребно е полека да се преоѓа на нормална исхрана за да се избегне јо-јо ефектот.

Related Posts with Thumbnails