wordpress counter

Диета според крвната група: Група 0

На луѓето кои припаѓаат на оваа крвна група им одговара интензивна физичка активност и исхрана со протеини од животинско потекло. Успехот во диетата кај оваа група зависи пред сѐ од употребата на месо и риба. Не им одговараат житарките и млечните производи и затоа почетните резултати на диетата ќе бидат одлични ако успеат да го ограничат внесувањето на овие продукти. Особено глутенот од пченицата, леќата и гравот делуваат неповолно на тежината кај овие луѓе. Трет фактор во зголемување на тежината е недоволната продукција на јод во организмот.

ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ТЕЖИНАТА

Лицата од групата 0 треба строго да го ограничат внесувањето на млечни производи, затоа што неповолно делуваат на нивниот метаболизам. Истото важи и за јајцата. 1-2 неделно е повеќе од доволно.

Лененото и маслиновото масло делуваат корисно, а избегнувајте ги пченкарното и маслото од кикиритки.

Јаткастите плодови се одличен извор на протеини, но нема да го заменат месото. Добро е да ги консумирате само оревот и семките од тиква, додека кога сте на диета мора да ги избегнувате индискиот орев, путерот од кикиритки, ф’стаците и афионот.

ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ТЕЖИНАТА

Сега доаѓаме до еден од изворите на проблемите – лебот и белите печива. Не постои ниту една група на житарки и тестенини кои би влегле во групата корисни за вас. Ќе биде тешко веднаш да се откажете од утринското печиво или сендвич, но со малку упорност ќе можете да ја победите желбата.

Препорака за цереалии: организмот не трпи ниту еден од пченичните производи. Неутрални по вашето здравје се оризовите снегулки, јачменот, просото и елдата. Негативно по вашата тежина ќе се одразат корнфлексот, пченичниот гриз, овесните снегулки и пченкарното брашно.

Месото е особено корисно за вас. Говедско, јагнешко, џигер, телешко и срнешко треба да се наоѓаат на вашето мени. Од другите видови на месо и нивните преработки треба да ги избегнувате свинското, сланината, месото од патка и шунката.

Голем дел од морската храна е особено корисна за вас. Харинга, лосос, сабјарка, сардина, штука, ослич, гргеч и пастрмка треба да бидат дел од вашата трпеза барем 2-3 пати неделно. Освен чадениот лосос и октоподот, другата морска храна нема да ви прави проблеми.

ЗЕЛЕНЧУК

Изборот на зачини може да му помогне на дигестивниот и имунолошкиот систем. Многу корисни се морските алги, кари, црвени пиперчиња и магдонос. Неутрално влијание имаат босилек , лорбер, каранфилче, јачменов слад, ким, бибер, феферони, рен, рузмарин, мајоран, шафран, жалфија, темјан. Избегнувајте копар, цимет, мускатно оревче, оцет.

Чај од липа, магдонос, нане, хмељ, ѓумбир и дудинки кога ви се пие нешто. Избегнувајте го чајот од алое, ехинацеа, генцијана, детелина, листови од јагода или луцерка.

ОВОШЈЕ

Од другите напитоци, неутрално делуваат пивото, зелениот чај, црвено и бело вино. Вашиот најголем непријател е кафето. Ограничете ги на минимални количини газираните пијалаци, црниот чај и жестоките алкохолни пијалаци.

Интензивните физички активности се одлични за луѓето кои припаѓаат на оваа крвна група. Од спортовите најдобро ви одговараат оние кои носат постојан притисок и висок пулс. Пливање, дигање тегови, велосипедизам, сквош, боречки вештини, спортови со контакт, аеробик, возење скејт и ролерки значително ќе ви помогнат да ја намалите телесната тежина.

Related Posts with Thumbnails