wordpress counter

Диета според крвната група: Група 0

На луѓето кои при­па­ѓаат на оваа крвна група им одго­вара интен­зивна физичка актив­ност и исхрана со про­те­ини од живо­тин­ско поте­кло. Успе­хот во дие­тата кај оваа група зависи пред сѐ од упо­тре­бата на месо и риба. Не им одго­ва­раат житар­ките и млеч­ните про­и­зводи и затоа почет­ните резу­лтати на дие­тата ќе бидат одлични ако успеат да го огра­ни­чат вне­су­ва­њето на овие про­дукти. Осо­бено глу­те­нот од пче­ни­цата, леќата и гра­вот делу­ваат непо­во­лно на тежи­ната кај овие луѓе. Трет фак­тор во зго­ле­му­вање на тежи­ната е недо­во­лната про­дук­ција на јод во организмот.

ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ТЕЖИНАТА

Лицата од гру­пата 0 треба строго да го огра­ни­чат вне­су­ва­њето на млечни про­и­зводи, затоа што непо­во­лно делу­ваат на нив­ниот мета­бо­ли­зам. Истото важи и за јај­цата. 1–2 неде­лно е повеќе од доволно.

Лене­ното и масли­но­вото масло делу­ваат кори­сно, а избег­ну­вајте ги пчен­кар­ното и маслото од кикиритки.

Јат­ка­стите пло­дови се одли­чен извор на про­те­ини, но нема да го заме­нат месото. Добро е да ги кон­су­ми­рате само оре­вот и сем­ките од тиква, додека кога сте на диета мора да ги избег­ну­вате инди­скиот орев, путе­рот од кики­ритки, ф’стаците и афионот.

ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ТЕЖИНАТА

Сега доа­ѓаме до еден од изво­рите на про­бле­мите — лебот и белите печива. Не постои ниту една група на житарки и тесте­нини кои би вле­гле во гру­пата кори­сни за вас. Ќе биде тешко вед­наш да се отка­жете од утрин­ското печиво или сен­двич, но со малку упор­ност ќе можете да ја побе­дите желбата.

Пре­по­рака за цере­а­лии: орга­ни­змот не трпи ниту еден од пче­нич­ните про­и­зводи. Неу­тра­лни по вашето здра­вје се ори­зо­вите сне­гу­лки, јач­ме­нот, про­сото и елдата. Нега­тивно по вашата тежина ќе се одра­зат корн­флек­сот, пче­нич­ниот гриз, ове­сните сне­гу­лки и пчен­кар­ното брашно.

Месото е осо­бено кори­сно за вас. Говед­ско, јаг­не­шко, џигер, теле­шко и срне­шко треба да се нао­ѓаат на вашето мени. Од дру­гите видови на месо и нив­ните пре­ра­ботки треба да ги избег­ну­вате свин­ското, сла­ни­ната, месото од патка и шунката.

Голем дел од мор­ската храна е осо­бено кори­сна за вас. Харинга, лосос, сабјарка, сар­дина, штука, ослич, гргеч и пастрмка треба да бидат дел од вашата трпеза барем 2–3 пати неде­лно. Освен чаде­ниот лосос и окто­по­дот, дру­гата мор­ска храна нема да ви прави проблеми.

ЗЕЛЕНЧУК

Избо­рот на зачини може да му помогне на диге­стив­ниот и иму­но­ло­шкиот систем. Многу кори­сни се мор­ските алги, кари, црвени пипер­чиња и маг­до­нос. Неу­тра­лно вли­ја­ние имаат боси­лек , лор­бер, каран­фи­лче, јач­ме­нов слад, ким, бибер, фефе­рони, рен, рузма­рин, мајо­ран, шафран, жалфија, темјан. Избег­ну­вајте копар, цимет, мускатно оревче, оцет.

Чај од липа, маг­до­нос, нане, хмељ, ѓум­бир и дудинки кога ви се пие нешто. Избег­ну­вајте го чајот од алое, ехи­на­цеа, ген­ци­јана, дете­лина, листови од јагода или луцерка.

ОВОШЈЕ

Од дру­гите напи­тоци, неу­тра­лно делу­ваат пивото, зеле­ниот чај, црвено и бело вино. Вашиот нај­го­лем непри­ја­тел е кафето. Огра­ни­чете ги на мини­ма­лни коли­чини гази­ра­ните пија­лаци, црниот чај и жесто­ките алко­хо­лни пијалаци.

Интен­зив­ните физички актив­но­сти се одлични за луѓето кои при­па­ѓаат на оваа крвна група. Од спор­то­вите нај­до­бро ви одго­ва­раат оние кои носат посто­јан при­ти­сок и висок пулс. Пли­вање, дигање тегови, вело­си­пе­ди­зам, сквош, боречки вештини, спор­тови со кон­такт, аеро­бик, возење скејт и ролерки зна­чи­те­лно ќе ви помог­нат да ја нама­лите теле­сната тежина.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во ЗДРАВЈЕ