wordpress counter

Диета според крвната група: група А

ДИЕТА СПОРЕД КРВНАТА ГРУПА: ГРУПА А

Мошне попу­ларна диета е режи­мот на исхрана кој се прави спо­ред крв­ната група на која ѝ при­па­ѓате. Фак­тите кои одат во полза на оваа диета се многу јасни: спо­ред истра­жу­ва­њето на 6617 инди­ви­ду­а­лни лич­но­сти кои се при­др­жу­вале кон оваа про­грама, ¾ од нив, одно­сно помеѓу 70% и 78% имаат зна­чајно подо­бру­вање на општата здрав­ствена состојба на организмот.

Она што е нај­зна­чајно, тие пози­тивни про­мени не се само во поглед на нама­лу­вање на теле­сната тежина туку и во диге­стив­ниот систем, отпор­но­ста кон стре­сот, мен­та­лната сми­ре­ност и вку­пната енер­гија на организмот.

Поради тоа, Гур­ман™ во наред­ниот период ќе ве запо­знае со исхра­ната на сите крвни групи. Дене­шната ста­тија е посве­тена на сите оние кои при­па­ѓаат на А крв­ната група.

КРВНА ГРУПА А

На лич­но­стите од оваа група им одго­вара веге­та­ри­јан­ската храна. Многу се осе­тливи и затоа треба да ја јадат хра­ната во неј­зи­ниот при­ро­ден облик — свежа, чиста и непре­ра­бо­тена. Ризик фак­тори им се боле­стите на срцето, кар­ци­но­мот и дијабетесот.

ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ТЕЖИНАТА

Кога јадат месо, овие луѓе се многу мрзливи и имаат пома­лку енер­гија. Тоа е поради фак­тот што нив­ните диге­стивни ензими делу­ваат многу бавно и месото го скла­ди­раат како маст. Тешко ги варат и млеч­ните про­и­зводи и на тој начин им се заба­вува мета­бо­ли­змот. Месото мора да го заме­нат со риба, а доко­лку им е оми­лен дел од јаде­њето тогаш подо­бро е да не кон­су­ми­раат црвено месо. Пре­ра­бот­ките од месо пода­леку од вашите чинии.

Мор­ска храна може да кон­су­ми­рате уме­рено (до 3 пати неде­лно). Кори­сно: шаран, бака­лар, пастрмка, лосос, скуша или сар­дела. Избег­ну­вајте кави­јар, шко­лки, шка­мпи, харинга, јагула и лигњи.

Мле­кото и јај­цата треба да се кон­су­ми­раат во мини­ма­лни коли­чини. Пред сѐ: јогурт, кефир, без­ма­сна кисела павлака. Крвта од А гру­пата создава анти­тела на при­мар­ниот шеќер од мле­кото. Ако сте член на оваа група и патите од алер­гија и респи­ра­торни про­блеми, тогаш млеч­ните про­и­зводи забо­ра­вете ги вед­наш. Кори­сни за вас се сире­њата од соја, неу­тра­лно делу­ваат козјо и кра­вјо сирење, моца­рела, фета и јогурт (оби­чен и ово­шен). Не јадете ајда­мер, сино сирење, емен­та­лер, бри, гауда, крем сирење, сладолед.

Масли­но­вото и маслото од лен се многу кори­сни, а треба да ги одбег­ну­вате маслата од пченка, кики­ритки и сусам.

ЗЕЛЕНЧУК

Мешун­ките се мошне важен извор на про­те­ини за вас. Затоа треба да имате залиха од грав, соја, гра­шок, леќа.

Од пло­до­вите со јатка и сем­ките, земајте ореви, бадеми и семки од тиква, кои се одли­чен дода­ток за оваа диета. Неу­тра­лно ќе ви делу­ваат лешник и афион. Избег­ну­вајте инди­ски орев и ф’стаци .

Лицата кои се со А крвна група може сло­бодно да јадат леб. Додека житар­ките и тесте­ни­ните кон­су­ми­рајте ги по неко­лку пати на ден. Огра­ни­чете го само вне­сот на пченица.

Од зачи­ните можете да кори­стите соја сос, ѓум­бир, лук, слад од јач­мен. Неу­тра­лно ќе ви делу­ваат анис, боси­лек, лор­бер, цимет, сол, шеќер, темјан, ванила, мајо­ран, ори­гано, рузма­рин, шафран. Баш и не мора да ста­вате копар, жела­тин, црн и црвен пипер, оцет.

ОВОШЈЕ

Денот треба да го започ­нете со чаша млака вода со исце­ден лимон. Од чае­вите дозво­лено ви е да ги пиете оние од ѓум­бир, алое, жен­шен, зелен чај, ками­лица и шипка. Неу­тра­лно делу­ваат жалфија, липа, јагоди и малини, ајдучка трева или темјан.

За лич­но­стите од А крв­ната група осо­бено дело­творно е да пијат црно вино, поради кар­ди­о­ва­ску­лар­ниот систем. Кафето е исто така добро, биде­јќи го зго­ле­мува нивото на желу­доч­ната кисе­лина. Поне­ко­гаш може да се напи­ете и бело вино, а треба да забо­ра­вите на пиво, кисела вода, жестоки алко­хо­лни пија­лаци и црниот чај.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во ЗДРАВЈЕ