wordpress counter

Диета според крвната група: Група АБ

Овие лич­но­сти се попу­ларни и поса­ку­вани во дру­штво и фасци­ни­раат со сво­јата при­родна хари­зма. Оваа крвна група наста­нала со спо­ју­вање на А и Б крв­ната група. Лич­но­стите од оваа група имаат осе­тлив систем за варење, но многу толе­ран­тен иму­но­ло­шки систем. Нај­до­бро од сите се спра­ву­ваат со стре­сот, со помош на физичка сила и кре­а­тивна енергија.

Само 5% од свет­ската попу­ла­ција ја имаат оваа крвна група. Познати лич­но­сти од оваа крвна група се Мери­лин Монро, Џон Кенеди и Исус Христос.

ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ТЕЖИНАТА

Ваши нај­го­леми непри­ја­тели се црвено, солено и чадено месо, пор­то­ка­лите и оцетот.

Кога е во пра­шање месото, кон­су­ми­рајте јаг­не­шко, зајачко и мисир­кино месо. Со џиге­рот може уме­рено да се дру­жите. Избег­ну­вајте сла­нина, свин­ско и говед­ско месо, шунка и пилешко.

Мор­ската храна за вас е многу кори­сна, осо­бено туна, сар­дина, бака­лар, ослич, пастрмка и ајкула. Добри се и кави­јар, шаран, лосос, шко­лки и лигњи. Не би тре­бало да јадете окто­под, остриги, инчун, јастог или бранцин.

Од млеч­ните про­и­зводи осо­бено кори­сни се козјото сирење, фета, кисела павлака, моца­рела, рикота и јогурт. Со неу­тра­лно делу­вање се гауда, крем сире­њето, еда­мер, емен­та­лер, соино млеко и сирење и јајца (не повеќе од 3–4 неде­лно). Не е пре­по­ра­чливо кон­су­ми­рање на сино сирење, путер, сла­до­лед, пармезан.

Масли­но­вото и маслата од лен и репка да бидат соста­вен дел на вашето готвење. Исфрлете ги од упо­треба пчен­кар­ното, сон­чо­гле­до­вото и суса­мо­вото масло.

Сем­ките и јат­ка­стите пло­дови кон­су­ми­рајте ги само во мали коли­чини. И тоа кики­ритки, ореви и костени. Неу­тра­лни се бадем, ф’стаци и инди­ски орев­чиња. Избег­ну­вајте лешник, афион, сусам, сон­чо­глед и семки од тиква.

ЗЕЛЕНЧУК

Кога ста­нува збор за цера­лии, треба да се огра­ничи вне­су­ва­њето на пче­ница осо­бено кога сакате да осла­бете. Кори­сно за вас ќе биде просо, ори­зови сне­гу­лки и бра­шно од овес. Битно е да избег­ну­вате корн­флекс и пчен­карно брашно.

Житарки и тесте­нини. Чле­но­вите на оваа група е подо­бро да кори­стат ориз отко­лку тесте­нини. Освен ориз може да кон­су­ми­раат и бра­шно од од овес, ‘рж и јач­мен, како и тесте­нини од спанаќ.

ОВОШЈЕ

Зачи­ните се важен дел на секое јадење. Затоа кори­стете кари, лук, жалфија, боси­лек, лор­бер, цимет. Избег­ну­вајте бибер, црвени пипер­чиња и јач­ме­нов слад.

Од сокови може да пиете од цреша, бру­сница, мор­ков, гро­зје, а денот нај­до­бро да го започ­ну­вате со сок од свежо цеден лимон.

Од чае­вите добри за вас се зеле­ниот чај, од листови на јагода, ками­лица, ѓум­бир, жен­шен. Избег­ну­вајте ги чае­вите од алое, под­бел, липа и хмељ.

Црното вино е одлично за вашиот кардио-васкуларен систем. Пијте едно до две кафиња дневно за зго­ле­мено лачење на желу­дочна кисе­лина. Не се пре­по­ра­чува кон­су­ми­рање алко­хо­лни пија­лаци и црн чај.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во ЗДРАВЈЕ