wordpress counter

Диета според крвната група: група Б

Лич­но­стите кои имаа крвна група Б се многу слични со оние кои вле­гу­ваат во 0-та гру­пата. Многу се силни и прак­тично знаат долго да им одо­ле­ваат на боле­стите на модер­ното време. Меѓу­тоа, имаат пре­ди­спо­зи­ции за ретки поре­ме­ту­вања на иму­но­ло­шкиот систем, како што се мулти­плекс скле­роза или син­дром на хро­ни­чен замор. Дие­тата за оваа крвна група е здрава и урам­но­те­жена и опфаќа широк избор на храна и хра­нливи состојки.

ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ТЕЖИНАТА

Најве­ро­јатно постои директна повр­за­ност помеѓу стре­сот, авто­и­му­ните поре­ме­ту­вања и кон­су­ма­ци­јата на црвено месо кај лич­но­стите од оваа група. Многу кори­сно е да кон­су­ми­раат јаг­не­шко, зајачко и месо од диви животни. Неу­тра­лно ќе ви делува говед­ското, мисир­кино, теле­шко и џигер. Да не јадете сла­нина, месо од гуска и патка, свин­ско месо, шунка.

Мор­ската храна, а осо­бено рибите од дла­бо­ките мориња, како што се бака­лар и лосос се богати со масни кисе­лини. Но и покрај тоа, лич­но­стите од оваа крвна група многу слабо ја варат мор­ската храна. Сло­бодно јадете бака­лар, сар­дела, ајкула, ослич и лосос. Неу­тра­лно делу­ваат сабјарка, туна, харинга, кали­фор­ни­ска пастрмка и лигњи. Забо­ра­вете вед­наш на јагула, бара­куда, шка­мпи, јастог, шко­лки, окто­под, остриги и бранцин.

Можете да ужи­вате во млеч­ните про­и­зводи и јај­цата, но не треба да забо­ра­вите и на нив­ната замена на база на соја. На тој начин ќе постиг­нете опти­ма­лна здрав­ствена состојба. Многу кори­сни се јогур­тот, моца­ре­лата, фетата, кра­вјото и козјото сирење, како и козјото млеко. Можете да јадете и гауда, путер, крем сирење, еда­мер, емен­та­лер и пар­ме­зан, поради тоа што делу­ваат неу­тра­лно. Спи­со­кот на млечни про­и­зводи кои треба да ги одбег­ну­вате е многу кус — сла­до­лед и сино сирење.

Во дие­тата не забо­ра­вајте на масли­но­вото масло — една супена лажица секој втор ден поради пра­ви­лно варење на хра­ната. Можете да кори­стите и масло од лен, но не и масло од кики­ритки, пченка и сончоглед.

Јат­ка­стите пло­дови и сем­ките не се пре­по­ра­чу­ваат на лицата од оваа крвна група. Евен­ту­а­лно оние со неу­тра­лно деј­ство, кои и онака се малку — бадем, инди­ски орев и орев.

Мешун­ките се осо­бено поле­зни за вас. Добро под­не­су­вате грав и соја, неу­тра­лно ви делу­ваат гра­шок и бора­нија. Един­ствено избег­ну­вајте леќа.
Пче­ни­цата многу слабо ја варите, ама затоа про­сото, бра­шното од овес, сне­гу­лките од овес и ориз нема да ви пра­ват ника­ков проблем.

Треба многу да вни­ма­вате со лебот и печи­вата. Пове­ќето не се кори­сни за вас, а и допо­лни­те­лно ќе го опто­ва­рат вашиот систем за варење. Вед­наш пре­ста­нете со упо­треба на багет лепче, пче­ни­чен леб, пчен­карни печива и леб од разни видови житарки.

ЗЕЛЕНЧУК

Зелен­чук да се кон­су­мира 3–5 пати дневно и при тоа дома­тот и пчен­ката цело­сно да ги исфрлите, затоа што му пре­чат на вашиот метаболизам.

При­јатно ви делу­ваат пикантно лутите зачини како што се рен, кари, црвени пипер­чиња и ѓум­бир. Не треба да кон­су­ми­рате јадења во кои е ста­вено бибер, жела­тин, цимет, екстракт од бадеми.

ОВОШЈЕ

Лич­но­стите од крв­ната група Б немаат некоја голема корист од чае­вите. Един­ствено чае­вите од ѓум­бир, нане, жалфија и жен­шен можат да имаат мало при­јатно деј­ство. Цело­сно избег­ну­вајте ги чае­вите од алое и липа.

Совет: За секојд­невно подо­бру­вање на состој­бата на иму­но­ло­шкиот и нерв­ниот систем, изме­шајте 1 супена лажица масло од лен, 1 лажица гра­нули од леци­тин и 2 деци­ли­три ово­шен сок. Ќе бидете при­јатно изне­на­дени од тоа колку е вку­сен овој напиток.

Од дру­гите пија­лаци, неу­тра­лно делу­ваат пивото, кафето, црниот чај, белото и црното вино. Забо­ра­вете на жесто­ките алко­хо­лни пија­лаци, кисе­лата вода и гази­ра­ните пијалаци.

Од физич­ките актив­но­сти се пре­по­ра­чу­ваат оние кои имаат мен­та­лна компо­нента, како што се пеша­чање, тенис и пли­вање.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во ЗДРАВЈЕ