wordpress counter

Диета за цврсти стомачни мускули (1 дел)

Оваа диета е позната и како „ABS“ диета, а идеен зачетник е уредникот на списанието „Men’s Helth“, Дејвид Зинзенко. Оваа диета посветува еднакво внимание и на исхраната и физичката активност и ветува губење на 6 килограми во првите две недели и дополнителни 4 во следните две недели.

Основи на диетата
Потребно е внесување шест оброци дневно (3 главни), редовна консумација на смути, фокусирање на 12-те „моќни“ продукти и внес на еден оброк неделно по сопствена желба. Важно е да се напомене дека секој оброк мора да содржи барем два, а секој меѓуоброк барем еден од моќните продукти.

Во оваа група на моќни продукти влегуваат:
Јаткасти плодови
Грав и мешунки
Зелен зеленчук (спанаќ, брокула, прокељ)
Млеко и млечни производи со ниска масленост
Овесна каша без шеќер
Јајца
Бело месо од птици и риба
Путер од кикиритки
Маслиново масло
Интегрални житарки и интегрален леб
Протеини од сурутка
Бобинки

Интерено е дека оваа диета не препорачува броење на калории (еден оброк не смее да биде поголем од големината на нормална чинија), а препораката е еднаш неделно да јадете оброк по сопствен избор. Предлог е тоа да биде она што најмногу ви се јаде, за да не се случи да се заситите од диетата.

Дополнителни совети
8 чаши вода на ден
Пиење на зелен чај
Газирани пијалаци – максимум една чаша на ден
Забрана на алкохол затоа што ја намалува сопсобноста на телото да ги согорува мастите
Внес на додатоци во исхраната кои содржат витамин Б6, Б12 и Ц.

Related Posts with Thumbnails