wordpress counter

Диета за цврсти стомачни мускули (2 дел)

Покрај претходно наведните совети и правила, физичката активност е мошне важна кај оваа диета. Првите две седмици се посветува внимание на распоредот на исхрана, но подоцна физичката активност мора да биде дел од „Abs“ диетата.

Трите основни правила се: пауза од барем 48 часа помеѓу вежбите со истегнувања, 5 минути загревање пред вежбање и еден ден одмор меѓу вежбите.

Предности
Станува збор за диета која подразбира внесување на продукти кои се добри за здравјето на срцето. Потоа, диетата е едноставна, не бара броење на калории, а честите оброци ви создаваат чувство на ситост. Еднакво се посветува внимание на физичката активност.

Недостатоци
Диетата ветува цврсти стомачни мускули, но за да се топат мастите на само едно место од телото, потребно е многу повеќе напор отколку кај другите диети.

Кога ќе поминат шест седмици, креторот на ова програма вели дека треба да се придржувате кон новиот начин на живеење, но и дека можете да се почестите со оброкот кој го посакувате. Покрај тоа, може да го намалите и траењето на вежбите.

Совет: со оглед дека е потребна појака физичка активност, срцевите болни, но и другите, најдобро да се советуваат со матичниот лекар пред да започнат со активностите.

Related Posts with Thumbnails