wordpress counter

Диета за подмладување (1 дел)

Моника Гренфел, нутриционистка, обмисли посебен режим на исхрана или таканаречена лифтинг диета. Според неа, по диетата кожата ќе ви изгледа многу помладо, поздраво и поубаво. Режимот трае 5 дена и дозволено е да го повторите еднаш месечно. Диетата во тие 5 дена исклучува пиење алкохол, пушење цигари и внесување на сол. Можеби е малку поригорозна, но добивате двоен ефект – и помалку килограми и поубав изглед.

ПРВ ДЕН
Појадок: чаша фрапе од банана, 2 лажици јогурт, 200 мл немасно млеко, 3 бадеми и 2 мали лажици мед
Ужина: јаболко
Ручек: 180 гр лосос печен на скара, порција зелена салата со маслиново масло и сок од лимон, еден варен компир
Вечера: две парчиња тост од интегрален леб премачкани со немасно сирење

ВТОР ДЕН
Појадок: 30 гр интегрален корнфлекс, шолја немасно млеко и една лажица суво грозје
Ужина: сендвич од интегрален леб со туна
Ручек: 300 мл крем супа од печурки, интегрално пециво
Вечера: еден плод овошје и половина литар немасен јогурт

ТРЕТ ДЕН
Појадок: чаша немасно млеко, 2-3 парченца ладно пилешко месо и 4 мали домати
Ужина: вода, зелен чај, овошен сок без шеќер
Ручек: омлет направен од едно цело јајце и три белки, мешана салата
Вечера: една чинија шпагети со сос од домати, шолја немасен јогурт, салата од зелка

Related Posts with Thumbnails