wordpress counter

Диета за жени со градба „јаболко“

Стручното име на овој тип на градба на телото е андроидна градба. За да утврдите дали спаѓате во оваа група, потребно е да го измерите обемот на струкот и колковите. Доколку откриете дека односот е помал од 0,8 (за мажи 1.0), тогаш имате градба „круша“, додека ако односот на тие две бројки е поголем од 0,8 (за мажи 1.0), тогаш влегувате во андроидна градба на телото.

Оваа група на луѓе е повеќе склона кон кардио болести, зголемен холестерол, резистенција на иснулин, дијабетес тип 2. За овој тип на луѓе важно е да избегнуваат јадења приготвени на база на бело брашно, алкохол, рафнинирани житарки и десерти. Внесот на сол треба да се намали на 3-5 гр дневно.

Се препорачуваат интегрални житарки, интегрален леб, тестенини, бисквити и црн ориз. Оваа храна е богата со влакна, поспоро се вари и со тоа го забавува влезот на шеќер во крвта. На тој начин, имаме намалено лачење на инсулин и создавање на масни наслаги.

Други продукти кои треба да се консумираат: банани, брокула, целер, грав, грејпфрут, грашок, јаболка, јачмен, јогурт, леќа, киви, млеко, моркови, портокали, овесна каша. Пожелно е во исхраната да ги вклучите и сината риба, јаткастите плодови и зелениот чај.

Предлози за оние кои не можат да кажат не на слатките:

• сок од портокал, јогурт, мед, исечкани киви и јаткасти плодови;
• сок од портокал, мед, суви брусници, исечкано јаболко и јаткасти плодови;
• исечкајте и измешајте ананас и киви, додадете сок од лимон и мед;
• јогурт, јагоди, и стопено чоколадо;
• јогурт, какао во прав, јаворов сируп, јагоди, бобинки и црно чоколадо.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Честит 24-ти мај!

Денес е посебен ден за секој Македонец. Денес се слави денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј. Браќата се...

Close