wordpress counter

Додатоци во исхраната против алергии (1 дел)

Пролетта е сезона во која се појавуваат алергиите. Терапијата обично се сведува на ублажување на симптомите. Најдобра стратегија е јакнење на имунолошкиот систем со редовно внесување на овошје, зеленчук, пчелини производи и здрав начин на живот.

Затоа, ви предлагаме неколку додатоци кон исхраната за борба против алергијата.

Лист од коприва
Противвоспалителното делување на копривата може да се користи кај многу алергии. Едно истражување покажало дека кај лицата со алергиски ринитис, само 600 мг од прав од лист од коприва ги смирува симптомите од алергијата.

Астрагалус
Со векови е дел од традиционалната кинеска медицина. Помага за јакнење на организмот и го стимулира производството и циркулацијата на имунолошките Т-клетки. Астрагалусот особено помага кај симптомите на сезонски ринитис.

Прав од зелен јачмен
Во последните години се направени бројни истражувања кои ја докажаа антоксидативната и детоксикациската моќ на зелениот јачмен. Сокот од зелен јачмен содржи хлорофил, ензими и фитохемикалии кои играат важна улога во борбата против слободните радикали. Според научниците, суопероксид-дисмутаза и 2-гликозилизовитексин се молекулите кои го прават зелениот јачмен супер лек за нашиот организам.

Масло од црн ким
Се користи при превенција и смирување на алергиските реакции, бидејќи делува на нивото на хистамин. Особено добро делува која ринитисот и симптомите на астма. Важно е да го користат оние лица кои не смеат да користат лекови против алергии.

Related Posts with Thumbnails