wordpress counter

Додатоци во исхраната против алергии (2 дел)

Во првиот дел наведовме неколку додатоци во исхраната кои поволно делуваат во овој период на алергии од секаков тип. Денес, го завршуваме овој список со уште неколку продукти, за кои е докажано дека ги смируваат симптомите од алергии.

Калциум и витамин Ц
Веќе долг период се препорачува земање на калциум заедно со витамин Ц. Заеднички имаат многу поефективно делување на симптомите на алергија и го јакнат имунитетот. Калциумот го смалува нивото на хистамин во организмот и на тој начин е подготвен за успешна борба со надворешни тела кои влегуваат во него.

Пробиотици
Со секојдневно внесување на пробиотици преку ферментирани млечни производи, делуваме поволно на рамнотежата на цревната микрофлора, која игра важна улога во јакнењето на имунитетот со оглед дека 60% од клетките на овој систем се наоѓаат во цревата. Ова е особено важно да се има предвид кај новороденчињата и малите бебиња.

Прополис
Станува збор пчелин производ чиј раствор делува антивирусно, антибактериски и анестетски. Содржи разни смоли, восок, етерични масла, армотични врски, минерални состојки и фитохормони. Оваа комбинација од состојки има терапевтска моќ кај алергии, астма, артристис, акни, бронхитис, изгореници, дентални проблеми, гастро проблеми.

Related Posts with Thumbnails