wordpress counter

Етикетите за хранлива вредност со нов изглед

Веројатно сте забележале дека денес, речиси сите производи имаат етикети на кои се наведени состојките и хранливата вредност. Меѓутоа, во најголем број случаи, станува збор за хаотични информaции кои не ни се многу од помош, со оглед дека постојат работи кои не ги разбираме. Нема да навлегуваме во тоа дали е намерно или ненамерно тоа, но често не знаеме што всушност сме јаделе.

Токму од тие причини, „UC Berkeley School of Journalism“ распиша конкурс за дизајнери и експрети за храна, да осмислат нов етикета за хранливите вредности на продуктите.

Победничка на конкурсот е дизајнерката Рене Волкер. На фотографиите можете да ја погледнете нејзината работа. Правоаголниот горен дел ги означува главните состојки, додека линиите на дното – содржината на другите состојки. Од левата страна се наведени калориите и на секој производ има соодветно иконче (лажица или некоја друга мерка), затоа што ретко кој може да си претстави колку е, на пример, 227 гр од нешто.

Се надеваме дека некоја од институциите одговорни за нашето здравје ќе го прочита нашиот текст и ќе превземе нешто во врска со ова прашање. Би било убаво кога секој производ би имал задолжителна етикета за хранливи вредности, на која јасно ќе бидат означени сите негови состојки. Во тој случај, секој ќе сноси одговорност за своето здравје.

Related Posts with Thumbnails