wordpress counter

Ѓумбир против менструални болки

Ѓумбирот е растение од фамилијата на лијани со потекло од Кина. Покрај свеж, ѓумбирот (сушен или во прав) се користи и како зачин. Но, освен во гастрономијата, ѓумбирот има значајна примена и во медицината, особено народната медицина.

Со векови во Азија се користи за лечење на мачнини, проблеми со варењето, забоболка, крварење, ревматизам и срцеви заболувања. Облозите од ѓумбир му помагаат на телото да се ослободи од насобраните масни наслаги и токсини кои создаваат застој во протокот на енергија.

Денес дури постои и ѓумбиротерапија која е корисна при вкочанети и болни мускули, хорнични болки во грбот, како и кај луѓе кои долго консумирале млеко и млечни производи кои во бубрежната зона создаваат слуз.

Топли облоги од ѓумбир
Делуваат на многу акутни и хронични болки како што се ревматизам, артритис, болки во грбот, менструални болки;

Овозможуваат брзо опоравување после воспалителни состојби како бронхитис, запалување кај бубрезите и мочниот меур, инфекција на простата, цревни воспалувања, улцери и апцеси;

Помагаат во разградувањето на насобраните масти и минерали, камен во жолчка и бубрези, цисти на јајниците и градите;

Ги опушта напнатите мускули;

При оштетени ткива кај скршени коски, овие облоги може да го забрзаат обновувањето на оштетените делови.;

Ѓумбиротерапија дома
Загрејте 5 литри вода. Изрендајте корен од ѓумбир во памучна вата или газа, врзете ја цврсто и ставете ја во садот со врела вода. Важно е водата да не врие и ѓумбирот да не се вари за да не ги загуби своите важни состојки.

По неколку минути, кога водата ќе добие златно-костенлива боја и ќе прими мирис на ѓумбир, натопете во течноста мек пешкир и добро исцедете го. Силно истријте ги рацете, нозете, грбот, вратот, рамената и деколтете, но не и градите.

Тријте ги нозете и рацете во насока кон срцето, а стомакот со кружни движења. За неколку секунди кожата ќе се зацрвени и со оглед на забрзаната циркулација целото тело ќе се загрее, освежи и наполни со енергија.

Во студените и свежи денови можете да направите и купка од ѓумбир. Наполнете ја кадата со топла вода, ставете 2 лажици ѓумбир и една лажица морска сол и промешајте со рака.

Related Posts with Thumbnails