wordpress counter

Хмељот и неговото влијание на метаболизмот

Според истражувањето на белгиските научници, хмељот делува на намалување на телесната маса и нивото на шеќер. Во истражувањето кое траело 8 недели, овие експерименти се направени врз глувци. Тие добивале тетрахидро изо-алфа  киселини од хмељот, кои меѓу останатото делувале и на нивото на инсулин.

Покрај тоа, познато е дека хмељот содржи состојки кои делуваат против-воспалително. Тие состојки имаат потенцијална примена во медицината при пореметувања на метаболизмот, резистенција на инсулин, како и во состојба при кои имаат низок степен на воспалување.

Секако, ова откритие им оди во прилог на сите љубители на пивото, во кое најмногу има хмељ. Сега, тие може слободно да уживаат во својот омилен пијалак. Но, за да има ефект пивото, треба да се консумира во умерени количини.

Related Posts with Thumbnails