wordpress counter

Храна и пијалаци кои може да предизвикаат главоболка (2 дел)

Во првиот дел ги споменавме чоколадото, црвеното вино, кафето и сирењето. Во вториот дел ќе наведеме уште неколку продукти на кои треба да се внимава, особено ако веќе имате мигрена или често се појавуваат главоболки.

Банана
Бананите вообичаено не се на овој список, но може да се случи да предизвикаат главоболка кај луѓе кои се преосетливи на тираминот, супстанција која ја има и во зрелите сирења. Сепак, оваа состојка многу повеќе ја има во кората на бананата, отколку во самиот плод.

Соја сос
Во соја сосот има мононатриум глутаминат – состојка за која се верува дека може да предизвика главоболка. Оваа состојка ја има и во други продукти, поради што е потребно секогаш да ја прочитате декларацијата пред да го купите производот. Овој совет е особено важен за оние кои имаат дијагностицирано мигрена.

Сладолед
Главоболката која може да се јави при брзото јадење сладолед е резултат на тоа што овој производ е студено ладен. Реакцијата е на студенилото, а не на неговиот состав. Сепак, болката брзо поминува.

Процесирано месо
Не постојат доволно добри истражувања кои со сигурност ќе кажат дека месото предизвикува главоболка. Но, нитратите кои се присутни во неговиот состав може да предизвикаат ширење на крвните садови и главоболка кај некои луѓе.

Related Posts with Thumbnails