wordpress counter

Храна и пијалаци кои ви го уништуваат сонот

Поради брзиот начин на живот, често јадеме доцна и без никаков распоред. Затоа, треба да имаме предвид дека постојат видови на храна кои делуваат на нашиот сон т.е. може да предизвикаат несоница. Оваа статија е наменета токму за тој тип на храна.

Чоколадо
Чоколадото содржи кофеин и тирозин. И двете супстанции предизвикуваат засилена мозочна активност и го спречуваат заморот.

Чадено месо и сувомеснати производи
Сендвич пред спиење често ни звучи како добра идеја, но тоа може да биде погубно по нашиот сон. Имено, шунката, сланината, колбасите, саламите и чаденото месо содржат поголеми количини на тирамин. Тој настанува од аминокиселината тирозин и предизвикува повисок крвен пристисок и главоболка. Делува и на лачење на хормонот за стрес, кој предизвикува будност и подготвеност за делување.

Енергетски пијалаци
Содржат големи количини на кофеин и таурин кои поттикнуваат лачење на адреналин, кој го тера организмот да биде во состојба на постојана подготвеност. Според истражувањата, пиењето на овие пијалаци дури и во попладневните часови може да го продолжи времето потребно за заспивање.

Пица и зачинета храна
Луѓето често не можат да заспијат поради проблеми со системот за варење. Киселите и зачинети јадења може да предизвикаат киселини, состојба во која киселините и дел од храната се враќаат во хранопроводот и создаваат нерпијатно пецкање во грлото.

Пијалаци
Еден или два пијалака по вечерата може да го подобрат варењето, но само ако вечерата е во разумно време. Алкохолот спречува да постигнеме длабок сон кој му е потребен на организмот да се одмори. Истотака, предизвикува дехидратација и почесто мокрење. Сето тоа го прекинува нашиот сон и го прави неквалитетен.

Related Posts with Thumbnails