wordpress counter

Вида Демарин е хрватски врвен невропсихијатар која еден дел од својот живот го има посветено и на правилната исхрана. Нејзина последна книга е „Храна за мозокот“, каде се осврнува на храната која е неопходна за нашиот мозок и на начинот како да го победиме стресот.

Истражувањата која ги спровела велат дека храната игра активна улога во одржување на нашиот мозок здрав и млад. На пример, медитеранската исхрана е особено погодна за одржување на крвните садови кои го хранат мозокот и мозочните клетки.

Оваа исхрана вклучува риба и тоа неколку пати во неделата (сина риба, скуша, туна, инчун), маслиново масло, интегрални житарки, зелен зеленчук, свежо овошје, како и црвено вино. Тоа е најдобриот и највкусниот начин да се победи стресот.

Интересно е дека се правени истражувања на мозокот на луѓето кои јадат месо и вегетаријанците и откриено е дека не постои никаква разлика. Имено, вегетаријанците го надопололнуваат внесот на месо преку соја и растителни протеини.

КОЈА ХРАНА МОЗОКОТ НЕ ЈА САКА?

Нашиот мозок најмалку ја посакува следнава храна:

• заситени маснотии
• конзервирана храна
• сувомеснати производи
• изнутрици

    Освен здрава храна, Демарин препорачува и редовна мозочна активност (крстозбори, судоку, разговори за прочитани текстови), како и редовни физички вежби. Овa „свето тројство“ ќе ве ослободи од болеста на денешницата — стресот.

    Related Posts with Thumbnails
    Коментирај

    колектив™

    ©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

    Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
    Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

    Останато во ЗДРАВЈЕ