wordpress counter

Храна која го забавува стареењето (1 дел)

Многу пати сме ја слушнале реченицата дека убавината доаѓа одвнатре. И има многу вистина во тоа. Ние ви предлагаме неколку совети како да ги сочувате кожата и косата и на тој начин би го забавиле процесот на стареење.

Колагенот е природен протеин кој се наоѓа во кожата и е заслужен за нејзината цврстина и облик. Со тек на годините неговото производство се намалува. За да го спречите тој процес, потребно е на вашето мени да го ставите темното овошје како што се вишните, боровинките, рибизлите и црвениот портокал.

Школките, сарделите и семките од сончоглед се преполни со есенцијални масни киселини, кои ја негуваат кожата.

Белата репа, глуварчето и кељот му помагаат на црниот дроб и го чистат од многу токсини, тешки метали и маснотии. Здравиот црн дроб резултира со цврста и сјајна кожа. Покрај горенаведените продукти, во исхраната внесете и брокула и спанаќ.

Треба да се избегнува многу шеќер и слатка храна. Молекулите на шеќерот се врзуваат со молекули на протеини и тоа резултира во збрчкана кожа.

Related Posts with Thumbnails