wordpress counter

Храна која го забавува стареењето (2 дел)

Во првиот дел наведовме три групи на производи кои го забавуваат стареењето и една група на продукти кои треба да се избегнуваат. Денес го надополнуваме списокот на видови храна која ќе ве направи да изгледате младо.

Целер, моркови и мешунките ќе осигураат сјајен бел тен и насмевка. Содржат целулоза, која помага во отстранување на темните остаоци и бактерии од забите. Доколку сте пиеле кафе или црно вино, или сте јаделе темно овошје, изедете јаболко или свежа краставица. Тие ќе ги остранат темните наслаги од забите.

Алкохолот и солената вода се многу штетни за кожата. Го сушат организмот и создаваат темни кругови околу очите. Затоа, намалете со солта, а храната зачинете ја со оригано, лук, магданос, рузмарин и темјан.

Протеините од месото, сирењето и леќата ќе го забават процесот на изумирање на клетките на кожата, а со тоа и појавата на брчки. Овие протеини помагаат во обновување на клетките, а кожата ќе стане млада, со помалку брчки и многу поцврста.

И детоксикацијата на организмот е мошне важна кога станува збор за надворешниот изглед. Најдобар лек за тоа се морските алги. Спирулината, која може да ја консумирате преку таблети или во прав, е одличен начин за детоксикација.

Related Posts with Thumbnails