wordpress counter

Храна која предизвикува мигрена и главоболка

Инте­ре­сно е колку про­дук­тите и начи­нот на исхрана може да делу­ваат на гла­во­бо­лките и мигре­ната. Освен брзото јадење, дехи­дра­та­ци­јата и про­пу­шта­њето на обро­ците, врз овие две појави делу­ваат и след­ниве видови храна и пијалаци:

Трајни про­дукти
Овие про­дукти знаат силно да вли­јаат врз гла­во­бо­лката поради тира­ми­нот. Тој се создава при рас­пад на про­те­и­ните со тек на време. Сини сирења, моца­рела, бри, кедар, разни кашка­вали, се сирења со кои треба да внимавате.

Алко­хол
При­чи­ната лежи во тоа што алко­хо­лот има бројни при­меси и при негово раз­гра­ду­вање се осло­бо­ду­ваат ток­сини. Тоа е при­чи­ната за гла­во­бо­лки. При­чи­ни­тели може да бидат црве­ното вино, вискито, шампањот…

Про­и­зводи кои содр­жат кон­зе­рванси
Колбаси, вир­шли, шунка, сла­нина, чадено месо и други пре­ра­ботки од месо.

Сту­дена храна
Повеќе од 90% од оние кои стра­даат од мигрена велат дека имаат напад по кон­су­ми­ра­њето на сла­до­лед и други видови сту­дена храна и пијалаци.

Други про­и­зводи кои може да пре­ди­зви­каат гла­во­бо­лки или напад на мигрена:
• кики­ритки и други јат­ка­сти пло­дови;
• чипс;
• пушена и сушена риба;
• тесте­нини со ква­сец;
• суви пло­дови – урми, смо­кви;
• аспар­там, цикла­мат, сахарин.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во ЗДРАВЈЕ