wordpress counter

Храна против болки

Живееме во време кога постојат таблети речиси за секоја болест. Сепак, важно е да се има предвид дека некои продукти кои ги имаме во нашите кујни можат да делуваат како лек и да ги намалат или отстранат болките.

Ако имате проблеми со стомакот, тогаш јадете риба
Ако мачите мака со варењето на храна, тогаш потрудете се да консумирате барем половина килограм риба неделно. Масните киселини од рибата ќе ја намалат болката која предизвикува проблеми со варењето. За најдбори резултати јадете помасна риба како лосос, сардина, туна, скуша и харинга.

За ПМС лекот е јогурт
Предменструалните тегоби ги мачат приближно 80% од жените. Причината е дека нервниот систем на жената е осетлив на качување и намалување на нивото на естроген и прогестерон. Само две чаши јогурт на ден во текот на овој период може да ги намали симптомите на ПМС за половина.

Куркума за хронични болки
Овој зачин, кој е мошне популарен во Индија, има три пати посилен учинок при ублажаување на болките во споредба со аспиринот, ибупрофенот или некој друг сличен лек. Особено е добар ако патите од артритис и фибромијалгија. Препорачаната доза е ¼ мала лажица куркума врз ориз, месо или во вегетаријанска исхрана.

Солта помага за здравјето на ноктите
Ако патите од враснати ножни нокти, тогаш можеби солта може да ви помогне. Редовното потопување на стапалата во вода со сол (соодносот е 1 мала лажица сол на 2.5 литри топла вода) може да ве реши од овој проблем за само неколку дена. Постапката треба да ја правите два пати дневно по 20 минути.

Related Posts with Thumbnails