wordpress counter

Храна против опаѓање на косата

ХРАНА ПРОТИВ ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА

Здрав начин на исхрана, богат со силицум, калциум и железо ќе го спречи опаѓањето на косата или ќе делува превентивно, во зависност кога сте ја започнале диетата.

Кај жените, кога косата станува тенка или паѓа, тоа може да биде знак на проблеми во гастроинтестиналниот тракт. Намалена желудочна киселина или пак, недостаток на протеини или минерали.

Додека кај мажите, во таков случај треба веднаш да се преземе диета која се базира на мало внесување масти. Тоа произлегува од фактот што поголемото консумирање на месо и масти може да го зголеми нивото на тестостеронот кој е една од причините за ќелавост.

Ако причина за опаѓањето на косата е анемијата, тогаш е потребно да консумирате месо, цереалии, темно зелен зеленчук, јајца, урми и суво грозје.

Доколку сакате да стимулирате раст на косата, тогаш консумирајте џигер, пивски квасец, лецитин, соја.

Од витамините, особено е важно внесувањето на витамините од група Б, Ц и Е. Витаминот Ц ја подобрува апсорпцијата на железото, па затоа е важно консумирањето на зеленчук и овошје. Витаминот Е го има во авокадо, јаткасти плодови, семки и маслиново масло.

Предупредување: преголемо внесување на витаминот А може да предизвика паѓање на косата.

Од групата на Б витамини, за косата особено важни се Б3 (ниацин), Б5 (пантотен) и Б6 (пиридоксин).

Биотинот, кој го има во пивскиот квасец, кафениот ориз, грашокот, леќата, овесот, оревот, сојата и семките од сончоглед е од клучна важност за здравјето на косата.

Од другите супстанции, витални за косата се и цинкот, магнезиумот, инозитолот и амино-киселините цистеин и метионин. Освен преку храната можете да ги консумирате и преку таблети.

Related Posts with Thumbnails