wordpress counter

Храна за совршена кожа во летните месеци

Познато ни е дека определени продукти влијаат одлично на изгледот на нашата кожа. Со оглед дека кожата е постојано под стрес и бројни опасности, ние ви предлгаме 5 продукти, кои според нутриционистката Кристин Егњу од „Raw Fairies“, ќе ни обезбедат природен летен сјај на кожата.

Ашаи
Овие бобинки се познати уште и како „бобинки на младоста“. Содржат огромно количество антиоксиданси.

Бразилски ореви
Одличен извор на селен, ги штити клетките од оштетувања и спречува дехидратација на кожата.

Лубеница
Лубеницата консумирајте ја колку што можете повеќе. Освен неа и другото свежо овошје и зеленчук е одлично за хидратација на кожата.

Семки од тиква
Овие семки се полни со цинк, кој и е особено потребен на нашата кожа. Недостаток на цинк доведува до создавање на брчки и дамки на кожата.

Поточарка
Таа е природен антибиотик, кој содржи витамин А и Ц. Ги намалува дамките на кожата и прави вистински чуда при лекување на кожата.

Related Posts with Thumbnails