wordpress counter

Храна за убава кожа (1 дел)

Веќе е познато дека храната може да делува добро врз изгледот и здравјето на нашата кожа. Впрочем, голем број козметички препарати се подготвуваат на база на бројни природни состојки кои ние го користиме во нашата исхрана. Ова е еден таков список на продукти, кои ќе ја направат вашата кожа помлада, помека и позатегната.

Јагоди и плодови богати со витамин Ц
Јадењето храна богата со витамин Ц ќе ве заштити од брчките и сувата кожа, која се случува поради стареењето. Витаминот Ц е суштински во производството на колаген, кој ја чува кожата цврста. Покрај козметичките препарати, во борбата за својата кожа ќе ви помогнат и плодовите кои се богати со витамин Ц: јагоди, црвени бабури, папаја, брокули и портокали.

Кафе
Студија, во која учествувале преку 93.000 испитаници, покажа дека пиењето кафе го намалува ризикот од создавање на рак на кожата. Кофеинот, кој е важна состојка на кафето, е нашиот заштитник од овој тип на рак. Сепак, според докторите, кофеинот влијае многу малку врз здравјето на кожата и не може тоа да биде причина да започнете да пиете кафе. Тоа е повеќе причина плус да уживате во вашиот омилен пијалак.

Related Posts with Thumbnails