wordpress counter

Храна за убава кожа (2 дел)

Во првиот дел од статијата споменавме како влијаат јагодите и другите овошја богати со витамин Ц, како и кафето врз изгледот на нашата кожа. Денес го надополнуваме овој список со уште неколку видови храна, кои делуваат позитивно на кожата.

Домати
Со консумирање на ликопен, состојката која им дава црвена боја на доматите, портокалова на морковите, нежна црвена и розова на грејпфрутот и лубеницата, нашата кожа добива помазен и поздрав изглед. Според истражувањата, ликопенот ја прави кожата помазна и ја штити од сончеви изгореници. Освен ликопенот, заштитен ефект на кожата има и лутеинот, кој се наоѓа кај пченката, спанаќот и тиквата и бета каротенот кај слатките компири и морковите.

Соја
Производите од соја го сочувуваат колагенот, кој започнува да се намалува откако ќе наполниме триесет години. Во нив има и изофлавини, кои имаат слично влијание врз колагенот. Покрај тоа, тие се силен антиоксиданс кој буквално ги „збришува“ слободните радикали.

Лосос
Омега-3 масните киселини ги штитат ѕидовите на клетките од оштетувања предизвикани од слободните радикали. Исто така, ја штитат и кожата од рак. Претпоставувате, овие киселини може да се најдат во рибата и морските плодови, особено во лососот.

Related Posts with Thumbnails