wordpress counter

Храна за здрава кожа

Интересно е дека покрај бројните препарати кои постојат за нега на кожа, во нашите кујни и фрижидери може да се најдат плодови и продукти кои подеднакво добро делуваат на здравјето на нашата кожа.

Сладок компир, домати и диња
Одлични плодови за борба против брчки. Тие ја полнат кожата со антиоксиданси кои реагираат и на најмало појавување на слободни радикали. Тие делуваат на појавата на брчки и сувост на кожата.

Портокал, лимон и грејпфрут
Организмот не може да сочува многу витамин Ц во себе, затоа мора постојано да го внесуваме. Без оглед дали ќе ги јадете овие плодови или ќе направите сок, резултатите се исти – доволно витамин Ц во нас. Ова е особено важно за луѓето кои веќе влегле во 30-тите години и кожата покажува знаци на стареење.

Црн и зелен чај
Пијте по неколку шолји на ден. На тој начин, кожата ќе ја добие потребната доза на корисни состојки кои го намалуваат воспалувањето, настанувањето на мозолчиња или проблеми поради предолго изложување на сончеви зраци.

Спанаќ, брокула и репа
Богати со витамин А, имаат мошне благопријатно делување на кожата. Без оглед како се приготвени, овие плодови ќе помогнат во обновување на клетките на кожата за да не стане сува, крута или да се лупи.

Туна, сардела, скуша, харинга и морски плодови
Нека бидат на мени барем два пати неделно. Омега-3 масните киселини се одличен лек против воспалувања и изгореници од сонце. Ова особено е важно за мали деца, бремени жени и жени кои дојат.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Светски награди за најдобро сирење

Повеќе од 20 години, „World Cheese Award“ ги поврзуваат продавачите и купувачите на најквалитетните светски сирења. Станува збор за најголемо...

Close