wordpress counter

И храната боли

И ХРАНАТА БОЛИДоколку сте постојано уморни, имате некоја хронична болест, ве болат зглобовите и мускулите или пак ненадејно ви се појавуваат главоболки, тогаш причинителот може да го побарате и во храната што ја јадете. За да откриете дали оваа состојба на нерамнотежа во вашиот организам е резултат на некој тип на храна што ја консумирате, сѐ што треба да направите е тест на нетолеранција на храна (food intolerance test). Овој тип на тестови се прават во специјализирани лаборатории, а докторите сметаат дека повеќе од 30% од населението има проблем со некаков вид на храна кој го спречува нормалното функционирање на организмот.

Храната може да биде еден од предизвикувачите на тегоби од гастроинтестинална, невролошка, респираторна или дерматолошка природа. Дури и некои болести како што се астма, псоријаза и мултиплекс склероза, се доведуваат во врска со нетолеранција кон некоја храна или адитив на храната. Сепак, можете да бидете мирни бидејќи нетолеранцијата не го загрозува животот, туку повеќе создава непријатни болки кои во текот на работниот ден и потоа ви создаваат проблеми во нормалното исполнување на активностите.

Многу често нетолеранцијата кон некоја храна се меша со алергија поради сличните симптоми, но тоа е погрешно гледиште. Симптомите на алергијата се моментални и се јавуваат во форма на отоци, осип, повраќање или проблеми со дишењето. Нетолеранцијата може да се јави на било која возраст и тоа по извесен период од консумирањето. На пример, ако сте јаделе млеко, грашок и овошје во ист ден, може да ви се појават болки во зглобовите и три дена подоцна. Поголем дел од нетолеранцијата е резултат на имунолошки одговор на организмот на протеините.

Честопати, знаеме да кажеме: „Имам киселини“. Веројатно е дека тоа е некој вид на храна кој не ви одговара, но само анализата на крвта точно открива на што е нетолерантен организмот. Тестот се прави врз примероци на венска крв и она што е најважно – веднаш знаете која храна или адитив треба да ги избегнувате.

Резултатите се во вид на табела со четири бои: храната од жолтата категорија е онаа која смеете да ја јадете во минимални количини, портакаловата група значи дека храната треба ја избегнувате во наредните 6 месеци, црвената група содржи храна која не смеете воопшто да ја јадете, а намирниците од зелената категорија се оние кои можете дека ги јадете без никакво ограничување.

СИМПТОМИ НА НЕТОЛЕРАНТНОСТ НА ХРАНА

Нетолеранцијата кон некој тип на храна е една од модерните болести на нашето време. Иако може да се живее и со неа, сепак на долг рок не е препорачливо да се толерира. Го отежнува секојдневното живеење и го влошува квалитетот на живеењето, продуктивноста на работа и она што е најважно – вашето слободно време и социјален живот.

Related Posts with Thumbnails