wordpress counter

И со целијакија може да се биде гурман (1 дел)

Целијакијата е болест со илјада лица. Тешко се препознава, а последиците ако не се лекува може да бидат опасни. Сите кои боледуваат од оваа болест треба да се на безглутенска диета. Овој текст го посветуваме на сите оние кои имаат проблем со оваа болест и како начин да го одбележиме светскиот ден на целијакијата, кој е токму денес.

Од оваа болест страда околу 3% од населението. Целијакијата е последица на трајна неподносливост на глутен. Дури и мала количина може да делува штетно. За да биде белјата поголема, преку 70% од индустриски произведените прехранбени производи содржат глутен. Покрај тоа, постојат производи кои се носител на глутен без да знаеме, како што се лековите, лепакот или карминот за усни.

Единствената сигурна терапија кај оваа болест е безглутенската исхрана. Тој тип на исхрана воопшто не е штетен, затоа што глутенот не е нешто што е премногу важно за организмот. За жал, треба да се има предвид дека со овој тип на исхрана може да се случи да исчезнат симптомите, но болеста останува.

Како да се подготвува храната?
Храната без глутен треба да се подготвува одвоено од другата храна, за да не дојде до контаминација. Конзервираното месо, живината, рибата и морските плодови, конзервираните овошје и зеленчук, сирењето и другите млечни производи не содржат глутен. Сите производи кои немаат глутен имаат знак со прецртана пченица.

Related Posts with Thumbnails