wordpress counter

И со целијакија може да се биде гурман (2 дел)

Во првиот дел објаснивме што точно значи оваа болест и каква исхрана треба да практикуваат луѓето кај кои е дијагностицирана целијакијата. Со овој дел ја заокружуваме приказната со уште неколку дополнителни совети и информации, кои веруваме дека се важни за луѓето кои се заболени од целијакија.

Важно е да се знае дека денес постојат цела низа производи кои не содржат глутен. Постојат многу производители кои создаваат безглутенска храна. Така што, може да уживате слободно во брашно, тестенини, колачи и леб.

Често пати луѓето мислат дека храната без глутен не е вкусна. Но, верувајте дека ќе се изненадите дека може да биде неверојатно вкусна, па дури и да не забележите дека не содржи глутен. Доколку ги поседувате вистинските состојки, може да подготвите бројни јадења од тестенини како пене со аспарагус, шпагети со домати и сардели, но и десерти како тирамису или торти.

Буквално, со вистинските состојки, нема никакво ограничување каков специјалитет да подготвите.

Покрај тоа, оваа исхрана може да влијае и на вашето здравје и перформанси. Моментално најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се наоѓа на безглутенска исхрана. Со промената на исхраната, тенисерот загубил некој килограм, но започна да ниже одлични резултати. Ова потврдува дека квалитетот на животот на болните од целијакија останува висок и покрај состојбата.

Related Posts with Thumbnails