wordpress counter

Идеалниот појадок

ИДЕАЛНИОТ ПОЈАДОКИстражувањата покажуваат дека околу 58% од луѓето го прескокнуваат појадокот и тоа е најлошата од сите можни варијанти. Со појадокот се буди организмот, ви дава енергија и пријатно чувство и ја контролирате телесната тежина.

Што треба да содржи идеалниот појадок? Тој ги вклучува млечните производи како добар извор на протеини и калциум, интегралните печива како извор на комплексни јаглехидрати и овошјето како извор на хранливи влакна и некои минерали и витамини.

Ако сакате ниско калоричен појадок, тогаш можете да земете пченкарни, овесни или пченични снегулки прелиени со млеко.

Ако пак повеќе ви треба високо калоричен појадок, тогаш одберете житарки надополнети со парченца овошје, јаткасти плодови и чоколадо и на крај прелијте ги со млеко или јогурт. Втора варијанта е интегрално печиво со сирење, немасна шунка и зеленчук по желба. На секој појадок би било корисно да додадете и некое овошје.

Related Posts with Thumbnails